Црна хроника
Апелација ја потврди првостепената пресуда за убиството на Чеврески
Апелациониот суд ја потврди првостепената пресуда на Основниот суд Скопје 1 за убиството на дваесет итригодишниот Михајло Чеврески, соопштуваат од Кривичниот суд.
Според пресудата, првообвинетиот Александар Алексовски кој се товари дека го извршил убиството е осуден на 14 години затвор, додека неговите другари, Александар Костевски и Панче Наунчевски се осудени на казна затвор, на четири години и шест месеци и на пет години.
Двајцата се товарат за помагање на сторителот на убиството.
Во август минатата година на локалниот пат кон езерото Козјак во атарот на селото Брезница беше пронајдено телото на Чеврески.
Го убил неговиот другар Алексанадар Алексовски, другите двајца му помогнале да го скријат телото, кое го оставиле во грмушките покрај патот.
Пред да заминат, убиецот му го зел златниот синџир на убиениот Чеврески, неговиот мобилен телефон и рачниот часовник./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против директорка на градинка во Велес, при аплицирање за позицијата дала сертификат за англиски јазик со невистинита содржина
Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) на 25.04.2024 до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против 44-годишната М.В. од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, согласно член 380 ст.1 од Кривичниот законик.
„Пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца – детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Р.Бугарија.
Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата“, соопшти МВР.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.