Црна хроника
Тепачка во автобус на ЈСП, тројца повредени

Тројца повредени, меѓу кои и еден малолетник, е билансот од тепачката што се случила меѓу две групи во автобусот број 22 на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.
Инцидентот се случил во петокот околу 12:30 часот, на крстосницата на булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Никола Парапунов“, пред мостот „Обединети Нации“ во скопски Карпош.
Повредените се пренесени во Градската општа болница „8-ми септември“.
На местото на инцидентот е реагирано од полицијата, при што се уапсени повеќе лица. Оттаму велат дека се работи на расчистување на случајот. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Едно лице тешко повредено во Аеродром, го нападнале поради недоразбирање во сообраќајот

Едно лице е тешко повредено во Аеродром, го нападнале неколку лица поради недоразбирање во сообраќајот.
Според информациите во МВР, синоќа околу 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, Р.Ж.(56) од Скопје бил физички нападнат од неколку лица. Тој со тешки телесни повреди е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден малолетен пешак во Скопје, во него удрил автомобил

Малолетен пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера во 15.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Индира Ганди“ во Скопје, патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ј.(22) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Кривична пријава за мајка, го терала детето да пита на Табановце

Полицијата поднесе кривична пријава за мајка која го терала детето да питачи на Табановце.
Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против Д.Р.(22) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,запуштање и малтретирање на дете’’.
Пријавената, од користољубие и со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување, го запуштила детето и го наведувала на питачење. На 10.04.2025, пријавената го однела своето дете на Граничен премин Табановце, при што од полициски службеници било затекнато како питачи.