Црна хроника
Тепачка во дискотеката „Ефект“, сопственост на обвинет од „Детонатор“
Тепачка се случила во саботата доцна вечерта во дискотеката на „Ефект“ во Виница којашто е во сопственост на првообвинетиот во случајот „Детонатор“, Игор Горански.
Според информациите од МВР, во саботата околу 1.45 часот виничаните Д.М. (31) и З.М. (22) кои стоеле на врата и пуштале гости во дискотеката, не им дозволИле на двајца кочанци А.А. (27) и Г.А, (29) да влезат во дискотеката. Официјалната причина зошто не ги пуштиле да влезат била бидејќи кочанците биле под дејство на алкохол.
Почнале да се расправаат, тепаат, а виничаните почнале да ги маваат двајцата кочанци и со безбол палки.
Повредените се пренесени во болница, а напаѓачите се приведени. Ова не е прв случај во оваа дискотека да има инциденти, а сопственикот е обвинет во случајот „Детонатор“, со уште 15 лица од Кочани, Виница и Штип./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско
Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот М.М. од село Браилово-прилепско и товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот К.Т. од Скопје, извести МВР.
„Во несреќата на местото на настанот починал М.М., а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош. Со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Градската општа болница Прилеп“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп.
Црна хроника
Кривична против директорка на градинка во Велес, при аплицирање за позицијата дала сертификат за англиски јазик со невистинита содржина
Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) на 25.04.2024 до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против 44-годишната М.В. од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, согласно член 380 ст.1 од Кривичниот законик.
„Пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца – детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Р.Бугарија.
Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата“, соопшти МВР.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.