Црна хроника
Во петокот нападнати навивачи на македонската репрезентација кај Бит пазар
Група од пет навивачи на македонската фудбалска репрезентација од Кавадарци во петокот попладне кај поликлиниката Бит пазар била нападната од поголема група засега непознати лица.
Во петокот, околу 17 часот на часот на булеварот „Крсте Мисирков“ во близина на Поликлиниката „Бит пазар“ кога петтемина кавадарчани се движеле кон стадионот „Филип Втори Македонски“ на кој во вечерниот термин се одигра фубдалскито меч меѓу Македонија и Хрватска (1:2), им пришла од непознат правец група од 12 до 15 лица претежно на нивна возраст до 35 години, и без повод и причина ги нападнале со удирање тупаници, боксови и клоци во пределот на главата и телото.
Од нападот кавадарчаните се здобиле со видливи повреди, но по прегледот во скопскиот Ургентен центар сите биле пуштени на домашно лекување.
Инаку, според податоците на скопската полиција мечот од квалификациите за Светското првенство во 2014 година во Бразил меѓу селекциите на Македонија и Хрватска минал без посериозни инцидент.
Вкупно четворица скопјани заработија прекршочни пријави за реметење на јавниот ред и мир и спречување на спортски натпревар, од кои двајца поради расправија за местата за следење на мечот, а другите поради расправија за време на натпреварот.
Организацијата на натпреварот во петокот навечер во Скопје, од аспект на Министерството за внатрешни работи мина мирно и пред, за време и по одржувањето на натпреварот не се регистрирани поголеми и посериозни инциденти меѓу навивачите на двете репрезентации, иако на трибините на скопската фудбалска арена присуствуваа меѓу 700 и 800 навивачи од Хрватска.
За натпреварот, инаку, беа преземени засилени мерки на обезбедување, што се состоеја во превентивно „покривање“ и опсервирање, како пред почетокот на натпреварот, така и по завршувањето на натпреварот, на централното градско подрачје, местата и улиците каде пристигнаа и по кои се движеа навивачките групи од Хрватска и Македонија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

