Црна хроника
Последен рок за обвинение за случајот „Монструм“
Во петок е последниот рок до кога јавното обвинителство треба да поднесе обвинение против шестмината осомничени за масакрот кај Смилковското езеро, во спротивно обвинетите треба да бидат пуштени на слобода.
Во четвртокот беше направена реконструкција на петкратното убиство и беше комплетирана истрагата за овој случај.Истражниот судија, Владимир Туфегџиќ изјави дека со реконструкцијата на која присуствуваа, истражниот судија, обвинители, адвокати и сведоци, се расчистиле многу битни прашања за овој случај.Тројца сведоци кои досега не побарале статус на заштитни, како и заштитниот сведок Е-1, кој бил маскиран, објаснувале што се случило на кобното место.Во текот на денешниот ден, истражниот судија најави дека ќе го предаде предметот до Јавното обвинителство.На 12 април кај Смилковското езеро свирепо беа убиени четири млади момчиња и еден повозрасен маж. Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и неговиот брат Агим, се товарат дека се директни извршители на петкратното убиство, а Фејзи Азири и Рами Сејди се осомничени за помагање.Тројца од осомничените се во притвор, додека Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, се во бегство, а полицијата се сомнева дека избегале на Косово. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

