Црна хроника
„Мазда“ прегази дрвосечач
Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што се случи во четврток во 11.30 часот на улицата „Јабланица“ во Струга, јавува Охридњус.
Како што информираат од СВР Охрид, Орце Ш. од струшкото село Мислешево, на лице место им подлегнал на повредите откако во неговото работно возило со уред за сечење дрва, налетало патничко моторно возило марка „мазда“ без регистарски таблички.
Тешката сообраќајна незгода се случила поради недржење страна и правец на движење со неприлагодена брзина според условите и состојбите на патот, поради што патничкото возило „мазда“ управувано од С.М(27) од Струга, изгубило контрола и преминало на левата страна од коловозната лента. Притоа, со левиот преден дел удрило во работното возило со кое сега починатиот работел, поточно сечел дрва.
Телото на починатиот е предадено на обдукција.
На местото на сообраќајната несреќата извршен е увид во присуство на Истражен судија и Јавен обвинител од основниот суд во Струга како и полициски екипи од полициската станица во Струга.
Возачот на патничкото моторно возило, е приведен во полициската станица во Струга./крај/ох/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.