Црна хроника
Битолчанка загина прегазена од сопственото возило

Во саботата попладне во бизарна сообраќајна несреќа во Битола, жена почина откако беше прегазена од сопствениот автомобил.
Имено, по 17.15 часот попладнето во сабота на улицата „Петко Салевски“ во Битола 43-годишна битолчанка којашто полиција ја идентификуваше како Мери Д. забележала дека нејзиното паркирано возило „БМВ“ почнало само да се движи.
Таа се обидела да го сопре возилото, но се сопнала од камен и паднала. автомобилот ја прегазил, а од здобиените повреди несреќната починала на самото место.
Битолската полиција изврши увид на местото на несреќата./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пукање пред угостителки објект во Долно Блаце

Синоќа по полноќ, во полицијата било пријавено дека пред угостителски објект во Долно Блаце биле испукани неколку истрели.
Полициски службеници од Полициска станица„Долно Блаце“ излегле на местото на настанот и на паркинг просторот во близина на угостителски објект пронашле чаури од пиштол.
Од МВР информираат дека нема повредени лица и се работи на расчистување на случајот.
Топ
Пожар во стан во Тетово – еден тешко повреден, десетина затруени

Еден маж е потешко повреден со изгореници, а 10 лица се затруени од чад, во пожарот што се случи денеска во стан во зграда на улицата „Димо Гавровски Кара“ во Тетово.
Тешко повредениот е пренесен во Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје.
Од Клиничката болница Тетово информираа дека кај повредениот маж имало изгореници од 4 степен, додека заструените од чадот се во лесна состојба. Тие биле примени во интерно одделение, а потоа пуштени на домашно лекување.
Експлозијата најверојатно ја предизвикала плинска боца. На терен интервенирале 10 пожарникари и три возила.
Црна хроника
Скопјани нападнале таксист и му украле пари и мобилен телефон

Против три лица oд Скопје поднесена е кривична пријава за разбојништво.
Тројцата додека се превезувале во такси возило на улицата „Бросјачка буна“ го нападнале таксистот и му одзеле пари и мобилен телефон.
Според информациите од полицијата, настанот се случил неделава, а станува збор за лица на возраст од 19, 26 и 17 години.
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Македонија5 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми