Црна хроника
Бошкоски: Совеста ми е чиста, режимот во заминување сака да ме уништи
„Совеста ми е чиста, популистичкиот режим во заминување во овој монтиран политички процес сака да ме уништи“, рече поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, во својот исказ пред судот во случајот `Ровер`.
Во својата двочасовна одбрана, Бошкоски рече дека власта преку своите медиуми сака да го прикаже како предавник и криминалец и преку судовите, коишто, според него, се под строга контрола на премиерот Никола Груевски, па по судскиот процес `Кампања` сака да му го „намести“ и ова дело.
„Не гледам како успеа по 11 години да се најде еден криминалец, заштитен сведок, кој божем слушнал од покојниот Орце Коруновски дека ќе му се помогне во извршување на убиството и да ја напушти државата“, рече Бошкоски, a од неговото кажување можеше да се заклучи дека загрозениот сведок му бил личен шофер на Коруновски.
Со ова, според Бошкоски, се внесува еден правен преседан во судската практика и ќе може „без око да ни трепне да ја обвиниме госпоѓата Г.Ј. да одговара за прикривање за убиството на Мартин Нешковски.“
Тој побара на неговите бранители да им се овозможи да го видат ликот на загрозениот сведок, бидејќи за минатиот судски случај `Кампања`, Бошкоски тврди дека таков свдок на судењето не постоел.
„Не се согласувам со она што ми се става на товар. Мојата совест, пред моите три деца и сопруга и мајка, ми е чиста како солза. Ниту, пак, во мојата потсвест не би можел да поддржам да убивам, ниту, пакм да наредувам да убиваат“, рече Бошкоски, јави репортерот на `Макфакс` од судот во Скопје.
Освен за ова дело, Бошкоски се осврна и на судскиот процес `Кампања`, како и на неговата одбрана пред Хашкиот трибунал.
За овој случај обвинети се 15 лица, но првите четворица, кои се наведени како извршители и еден од нив организатор, Предраг Чубрило, Милан Илиќ, Милорад Ковачевиќ и Вук Вукичевиќ се во бегство и се недостапни за органите на прогонот.
Бошкоски се товари дека како министер за внатрешни работи во тоа време му дозволил на сега веќе починатиот Орце Коруновски да нарача убиство за Тушевски.
Марјан Тушевски и Кире Јанев беа убиени на 10-ти јули 2001 година. кога излегувале од кафулето „ЗУ“ во скопската населба Капиштец. Прво со 11 куршуми беше убиен Тушевски, а потоа напаѓачите пукале и кон Киро Јанев кој се обидувал да избега. За овој случај одговараат 15 лица, а четворица од нив се во бегство./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

