Црна хроника
Повредени 11 полицајци, МВР најавува соодветни пријави
На вкупно 11 полициски службеници им е укажана медицинска помош, откако се пожалиле дека биле повредени при пробивањето на кордонот пред Собранието од страна на група граѓани, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Покрај ова, од МВР соопштуваат дека постојат сознанија и за неколку повредени цивилни лица за време на протестите.МВР информира дека во денешните збиднувања пред Собранието има и неколкумина приведени поради сомнение за напад и попречување на службени лица, како и непристојно и дрско однесување.Се работи на целосно документирање на сите случаи поединечно, информираат од МВР и најавуваат дека во текот на наредните денови ќе бидат прегледани снимките и против сите инволвирани ќе следуваат соодветни пријави. „Полициските службеници заради спречување на толпата насилно да влезе во Собранието употребија и средства на присилба по што ги одвратија од намерата за незаконски упад во зградата“, се вели во соопштението на МВР.Притоа се нагласува дека МВР денеска успеа да обезбеди непречено функционирање на институциите на и да спречи насилно блокирање и уривање на државниот поредок.„Крајно професионално, согласно правилниците за полициско постапување, припадниците на МВР успеаја да одговорат на сите предизвици и да спречат ескалирање на инцидентите и поголеми последици надвор и во Собранието“, стои во извештајот на МВР.Во врска со збиднувањата внатре во Собранието, од МВР истакнуваат дека собраниското обезбедување презело мерки и активности согласно законските овластувања за да обезбеди услови пратениците да постапат по обврските кои ги имаат.При постапувањето, дел од членовите на собраниското обезбедување се пожалиле дека не само што биле попречувани во извршувањето на службените задолженија, туку и биле предмет на вербален и физички напад од страна на некои пратеници. „Сепак собраниското обезбедување успеа воздржано да реагира и почитувајќи ги професионалните стандарди, да воведе ред во собраниска сала. Со професионалното постапување создаде соодветни услови за функционирање на Собранието, обезбедувајќи можност пратениците непречено да работат“, велат од МВР.Притоа се наведува дека дополнително ќе бидат обезбедени материјалите од собранискиот безбедносен-видео надзор и врз основа на нив ќе биде донесена одлука околу натамошното постапување. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тепање, закани со компромитирачко видео, одземање телефон – повеќе пријави за родово насилство во Скопје од партнери и поранешни сопрузи
Во текот на 26 и 27 јануари 2026 година, во Скопје се пријавени повеќе случаи поврзани со семејно и родово базирано насилство, информира Министерството за внатрешни работи.
На 27 јануари, околу 00:30 часот, 40-годишна жена пријавила дека претходната вечер околу 20:00 часот, на подрачјето на Гази Баба, била физички нападната од нејзиниот партнер Д.П. во неговиот дом. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Истовремено, по претходна пријава на 34-годишна жена, полициски службеници од СВР Скопје го привеле 32-годишниот Р.Ќ. од Скопје, кој, според пријавата, на 23 јануари ѝ упатувал закани дека ќе објави компромитирачки видео запис од неа. Се работи за поранешен партнер. Приведувањето било извршено на 26 јануари во 11:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во друг случај, на 26 јануари околу 16:00 часот, службени лица од СВР Скопје извршиле разговор со 49-годишниот В.Т. од Скопје, откако неговата 42-годишна сопруга пријавила дека тој ја нападнал и ѝ го одзел мобилниот телефон на 24 јануари во нивниот дом на подрачјето на Центар. И за овој случај е најавен соодветен поднесок по документирањето.
Дополнително, истиот ден во 11:40 часот, на подрачјето на Бит Пазар бил приведен 77-годишниот А.С. од скопско, по пријава на 51-годишна жена дека ја допирал по телото. По преземените дејствија, и за овој случај ќе следува поднесок до надлежните органи.
Црна хроника
Татко пријавил дека наставник го нападнал неговиот син во училишна сала
Триесет и шестгодишниот С.С. од Сарај пријавил во полиција дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставник во основно училиште во скопската општина Ѓорче Петров.
Според информациите на МВР, на 26 јануари 2026 година, околу 15:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека нападот се случил истиот ден во 12:40 часот, во спортската сала на основното училиште. За нападот е пријавен А.П. (48) од Скопје, кој работи како наставник во истото училиште.
Како што информира МВР, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Турски државјанин уапсен на скопскиот кеј – измамил сонародник за 6.650 евра
Полицијата го приведе 30-годишниот К.К. од Турција, кој се сомничи дека измамил друг турски државјанин за сума од 6.650 евра.
Апсењето било извршено на 26 јануари 2026 година, околу 13:40 часот, на кејот „Димитар Влахов“ во Скопје.
Според пријавата, осомничениот во октомври 2025 година стапил во контакт со оштетениот преку социјална мрежа и му ветил дека ќе посредува за добивање документи за работа и престој во државата. Во неколку наврати, преку трансакциска сметка, оштетениот му исплатил вкупно 6.650 евра. По тоа, осомничениот престанал да комуницира со него, по што случајот бил пријавен во полиција.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

