Црна хроника
Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во близина на Лесковац, додека 10-годишно девојче, исто така државјанка на Македонија е тешко повредено, јавија српските медиуми.
Несреќата се случила на автопатот Ниш-Скопје, кога автомобил „БМВ“ со швајцарски регистерски таблички удрил во камион кој се наоѓал на помошната коловозна лента од автопатот.Начелничката на Ургентниот центар во Лесковац, Ирена Игњатовиќ соопшти дека девојчето било примено во свесна состојба, но дека врз неа била извршена хируршка интервенција.„Према нашите сознание нејзината состојба е стабилна“, изјави Игњатовиќ.Од силината на ударот автомобилот бил целосно згмечен, а пожарникарите цели два часа се обидувале да го извадат телото на возачот, пренесе Блиц./крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.