Црна хроника
Во БиХ разбиен синџир на автомафија, многу апсења
Полицијата на Босна и Херцеговина во неделата спроведе голема акција во која се уапсени припадници на организирана криминална група која се занимавала со кражби и препродажба на автомобили.
Портпаролот на полицијата на Сараевската жупанија, Ирфан Нефиќ, потврдил дека акцијата започнала во раните утрински часови, како и дека биле пребарани повеќе различни локации, и тоа на поширокото подрачје на Сараево, каки во грдовите Мостар, Груда и Зворник.
Портпаролот Нефиќ, исто така, додал дека се уапсени повеќе лица, но не го прецизирал нивниот број.
Покрај сараевската во акцијата е вклучена и полицијата на Република Српска, како и припадници на Државната агенција за истраги и заштита ( SIPA).
Полициската операција со кодното име „Требевиќ“, како што објаснил Нефиќ, била планирана со месеци наназад и е изведена по налог на Обвинителството на Федерацијата Бодна и Херцеговина.
Со истрагата било утврдено дека лицата кои се уапсени во неделата, организирале криминален синџир кој се занимавал со организирани кражби на автомобили за кои потоа барале откуп од нивните сопственици или со фалсификувана документација ги препродавале во странство најчесто во земјите од регионот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.
Црна хроника
10-годишно девојче тешко повредено од заталкан куршум во Глумово
Десетгодишно девојче од скопското село Глумово вчера било повредено од заталкан куршум. Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што е пренесено, лекар констатирал тешки телесни повреди во пределот на ногата.
За случајот, кој бил пријавен вчера околу 16 часот во СВР Скопје, денеска информира Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен.
-На 31.01.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од куќа во с.Глумово, Скопско, од заталкано зрно било повредено 10-годишно девојче, во пределот на ногата, по што било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди, информира МВР.
Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.

