Црна хроника
Ослободителна пресуда за екс директорот на старскиот дом во Битола
Основниот суд Битола го ослободи од обвинение поранешниот директор на старскиот дом „Сју Рајдер“ Благој Илиевски, од обвинението за наводно силување на главната медицинска сестра на Домот.
Според судот, Илиевски нема никаква вина за наводното силување, за кое го товараше медицинска сестра. Одлуката е донесена во понеделникот.
Тужителката тогаш го обвини Илиевски дека се случил обид за силување, односно директорот на установата, се обидел да ја злоупотреби главната сестра.
„Врз мене се обиде да направи кривично дело, обид за силување, јас лично случајот го пријавив кај народниот првобранител и во полиција“, рече тогаш таа и тврдеше дека обидот бил само почеток на голготата низ која поминувала.
Пред почетокот на судскиот процес адвокатот на Илиевски рече дека се работи за измислен процес кој ќе се обидат да го докажат. И тужениот Благој Илиевски се појави пред новинарите со тврдење дека е невин и дека ќе го докаже тоа.
Заради тогашните настани во Домот и Судот, се случи промена на директорот во оваа јавна установа.
Судот го ослободи Илиевски и за второто обвинение за поднесената пријава за злоупотреба на службената положба. Се работи за првостепена одлука на која незадоволната страна има право на жалба до повисокиот суд. /крај/тера
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

