Црна хроника
Приведени 20 навивачи на КК „Куманово“, нападнале вработен на бензинска пумпа

Околу 20 навивачи на Кошаркарски клуб од Куманово синоќа се приведени откако нападнале вработен на бензинска пумпа и земале артикли од таму, соопшти МВР.
Во средата вечерта околу 21.50 часот, навивачите се симнале од комбе во скопското село Ржаничино на бензинската пумпа Окта и почнале да земаат разни артикли.
Двајцата вработени се обиделе да ги спречат, но еден од нив го нападнале и избегале.
Комбето со навивачи било сопрено дваесет минути подоцна на наплатната рампа Романовце, а навивачите биле приведени во полициската станица Кисела Вода.
Повредениот вработен во бензинската е пренесен во Ургентниот центар, а против навивачите ќе следува пријава.
Кошаркарскиот клуб Куманово во средата играше со Фени индустри во Кавадарци и загуби со седум разлика од кавадаречкиот клуб./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.