Црна хроника
Скопјанка загина во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Градско
Скопјанка загинала во сабота наутро во сообраќајна несреќа што се случила на автопатот Скопје – Градско, кај исклучокот за Штип.
Како што соопшти полицијата, возилото марка „поло” било управувано од 27 годишниот И.Т., кој во еден момент изгубил контрола над возилото, кое удрило во заштитната ограда, а потоа се превртело.
Во незгодата на лице место починала Виолета Т. (51) од Скопје сопатничка во возилото, додека другите сопатници Д.Т.(23) и Б.Т.(81) како и возачот И.Т. се здобиле со повреди при што се пренесени во Медицински центар Велес за укажување на лекарска помош. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
По расправија за паркинг во Карпош, ѝ се заканувал со остар предмет на 19-годишна девојка
По расправија за паркинг во Карпош, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет на 19-година девојка.
Вчера, во 18:00 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(19) од с.Ново Село, скопско, пријави дека во 15:00 часот на паркинг на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање за паркинг место, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/илустрација
Црна хроника
Пријава против 40-годишник за напад врз две малолетнички во Пробиштип
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.Ј. (40) од Злетово поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „насилство врз дете“.
Според пријавата, на 07.11.2025 во Пробиштип, пријавениот физички нападнал две малолетнички.
Црна хроника
Ограбена жена на улица во Чаир
Вчера во 18:20 часот во СВР Скопје, С.Б.(55) од село Кучевиште, скопско, пријавила дека е ограбена на подрачјето на Чаир.
Според информациите на МВР, жената пријавила дека завчера околу 15:30 часот на подрачјето на Чаир, едно лице од чантата ѝ го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

