Црна хроника
Спречен обид за шверц на скоро 4.5 килограми сребрен накит
Царинските службеници од граничниот премин Богородица спречија обид за криумчарење на поголема количина непријавен сребрен накит.
Накитот бил пронајден во вторникот попладне за влез во Македонија во автомобил со српски регистерски таблици. По детална контрола на автомобилот, на повеќе места во возилото, меѓу кои потпирачот за рака помеѓу двете предни седишта, околу менувачот, во просторот под пепелникот, во џебовите од јакна оставена на задното седиште, во патна торба во багажниот простор како и при извршен личен претрес на возачот во предните џебови од панталоните и околу вратот под блузата, се пронајдени 4210 грама различен сребрен накит, 222 прстени, 140 пара обетки, 160 привезоци, 61 нараквица, 71 синџирче, 4 алки.
Накитот е привремено задржан , а против сторителите е отпочната кривична постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

