Црна хроника
Тешко рането дете по игра со плашливец со вистински куршуми
Едно дете е потешко рането откако при игра во куќата на неговите баба и дедо во плашливец ставил вистински куршуми, соопшти во петокот МВР.
Инцидентот се случил во четвртокот околу 10,00 часот во село Царев Двор-ресенско, во куќа сопственост на З.Н.(63) и Ф.Н., додека нивниот 13 годишен внук со неговиот другар, врсник од Скопје, играле со пиштоли плашливци, пронашле неколку куршуми при што еден од нив го ставил куршумот на предниот дел од плашливецот и пукал од истиот кон таванот. Во тој момент истиот од барутот, се здобил со повреди во пределот на стомакот, два прсти на левата рака и десната бутина. По настанот, бил пренесен во Медицински центар Ресен, каде се констатирани телесни повреди, по што е пренесен во Ургентен центар Скопје за укажување на лекарска помош. Претставници на ресенската полиција излегле на лице место, при што во куќата пронајдени се и со потврда за привремено одземени предмети, одземени се ловна пушка, пиштол и повеќе парчиња муниција за ловна пушка и пиштол како и дозвола за истите на име Ф.Н., пронајдени и одземени се и пиштолот плашливец и една чаура. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

