Контакт

Црна хроника

Брокер присвоил туѓи акции и ги продал за сопствена сметка

Објавено пред

Одделот за финансиски криминал при Центарот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР поднесе кривична пријава против лицето Р.И ( 30) од Скопје, кој се сомничи дека како брокер сторил кривични дела – “измама“, “фалсификување исправа“ и “перење пари и други приходи од казниво дело“.

dobivaj vesti na viber

Пријавениот којшто имал положен брокерски испит, кон крајот на 2010 година, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, го злоупотребил познанството со оштетеното лице и знаејќи дека истиот поседува обични акции во повеќе акционерски друштва од Македонија, купени во текот на 2007 година на Македонската берза за хартии од вредност, (за кои оштетениот вложил 2.122.311 денари или 34.509 евра), најпрво ја утврдил точната состојба на сметката на оштетениот искористувајќи го фактот дека  неговата мајка, работела како брокер во банка во Скопје.Осомничениот, без знаење на оштетениот, до Централниот депозитар за хартии од вредност, доставил барање за  промена на адреса на сметката на оштетеното лице со цел да ја смени постојната адреса на оштетениот и истиот да не биде известен од страна на ЦДХВ за настанатите промени на неговата сметка во ЦДХВ, при што запишал адреса на живеење во Скопје.Вака доставеното барање за промена на адреса на сметка било прифатено во Централниот депозитар за хартии од вредност и истото било спроведено, без да биде утврден идентитетот на подносителот на  барателот за промена на адресата, бидејќи истото било сторено со прием преку телефакс од хотел од Скопје.Р.И., адаптирал и изработил лажно полномошно со вметнување на податоци од оштетеното лице во кое навел дека може да ги купува и продава акции  кои оштетениот ги поседувал, а парите од продажбата да бидат префрлени на неговата трансакциска сметка. Ова полномошно го доставил до Брокерското друштво со  што го довел во заблуда истото,  дека тој може да располага со предметните акции, односно истите да ги продаде. Без согласност и волја на оштетениот Р.И. во периодот од октомври/ноември 2010 година во брокерската куќа од Скопје, со својот потпис дал повеќе налози за продавање кои биле веднаш реализирани на Македонската берза за хартии од вредност, преку брокерската куќа, по што откако биле порамнети сите трансакции и биле извршени сите продажби на предметните акции, на личната трансакциска сметка на пријавениот Р.И. во повеќе наврати, од брокерската куќа биле извршени уплати во вкупна вредност од  300.586 денари (или 4.888 евра).Разликата помеѓу износот кој го вложил оштетениот за купување на акциите (во 2007 год.) и продажбата на истите во 2010 година, дел се должи на паѓањето на цената на истите на Берзата, а дел на намерата на Р.И. истите да ги продаде во најкраток рок по било која цена за да се стекне со противправна имотна корист. Пријавениот, поголем дел од криминално стекнатите парични средства ги заменил за девизни средства во износ од 4.280 евра, на кој начин ги пуштил во легалниот платен промет. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Скопјанка со нож нападната од нејзиниот татко

Објавено пред

На 02.03.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко, кој со остар предмет и упатувал закани, при што сам се повредил од невнимателност.

dobivaj vesti na viber

Во 20:00 часот, според полицијата, 79-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во семејниот дом неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, при што почнале меѓусебно да се туркаат, а неговиот зет физички го нападнал.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Загина жена од Злетово: ја прегазил „мерцедес“

Објавено пред

Вчера во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско.

dobivaj vesti na viber

Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на Судската медицина за обдукција.

Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти

Објавено пред

Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.

dobivaj vesti na viber

При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.

Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош

Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда. „Основното...

Македонија11 часа

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија...

Македонија17 часа

(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на...

Македонија18 часа

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на...

Македонија18 часа

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче...

Македонија18 часа

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете....

Македонија19 часа

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија19 часа

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија19 часа

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија21 час

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија21 час

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија21 час

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет23 часа

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет23 часа

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет23 часа

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет1 ден

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет1 ден

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет1 ден

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет1 ден

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија1 ден

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...