Црна хроника
Обвинетите за Ореше: Нè „наместија“ и нè држеа 30 месеци во притвор
Не сме поткупувале никој за да ни го укинат притворот, да беше така немаше да нè држат 30 месеци во притвор, велат браќата Ордан и Љупчо Ѓоргиевски кои беа обвинети дека по нарачка на Ѓоре Петровски го убиле 74-годишниот Лазар Милошевски.
Браќата Ѓорѓиевски пред извесно време беа ослободени, а нивниот адвокат Звонко Давидовиќ, вели дека заштитениот сведок нема никаква врска со ослободителната пресуда.
Токму поради овој случај во вторникот во полициска акција беа уапсени судијата во случајот, обвинителот, адвокат, како и новинарот кој незаконски го открил идентитетот на заштитениот сведок.
Од МВР тврдат дека Јане Тица, познат припадник на скопското подземје посредувал кај Јавниот обвинител да даде согласност за да им се укине притворот на двајцата обвинети за убиството кај Ореше. Обвинителот прифатил, но не добил позитивно мислење од Вишото јавно обвинителство.
„Ако некој ургирал за да нè пуштат од притвор немаше да бидеме во притвор од 4 ноември 2008 до 29 март 2011 година, 30 месеци. Тоа беше сето игра на судијата Илија Талев и Ивица Ефремов. Ни ги уништија семејствата, јас за овој случај оставив инвалид дома“, вели Ордан Ѓоргиевски.
Според него, тие биле обвинети бидејќи Ордан открил некој огромна проневера на пари што ја направил бизнисмен, додека Ордан бил инспектор во крим техника. Во 2005 година, кога се случи и убиството, бизнисменот направил огромна проневера со пари, затаил данок на фирмата „Победа инженеринг“.
Бизнисменот бил во притвор само седум дена, бил ослободен и ги „наместил“ браќата за убиството за да им се одмазди. Тие обвинија дека со бизнисменот бил поврзан и зет за внука на убиениот старец кој продавал оружје. Тој цело време го посетувал заштитениот сведок во затворот и му кажувал што да зборува.
Адвокатот тврди дека ослободителната пресуда нема врска со заштитениот сведок и дека е донесена поради немање никакви докази. Убиството се случило во 2005 година, а според Давидовиќ истрага се отворила три години подоцна. Одбраната на обвинетите уште на почетокот на случајот барале да се сменат судијата и обвинителот во случајот.
На почетокот на оваа година се случи пресврт во судскиот процес Ореше, кога заштитениот сведок под псевдонимот „Бреза“, кој настапи со изјава против обвинетите за платеното убиство во село Ореше, призна дека инспектори од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) го принудиле да прифати улога на заштитен сведок, со цел да даде изјава против обвинетите, браќата Ордан и Љупчо Ѓорѓиевски./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

