Црна хроника
ЕВН Македонија поднесе кривични пријави за крадците на струја
Енергетската компанија ЕВН Македонија во средата соопшти дека во првата недела од јули на 11 корисници им испорача пресметки за неовластено користење на електричната енергија и во судовите поднесе кривични пријави против нив.
Штетата која ја направиле во системот, според пресметките на компанијата, изнесува 1, 4 милиони денари (околу 22.700 евра).Директно приклучени во мрежата биле осум корисници, еден од фатените корисници го манипулирал броилото, а двајца имале непријавено броило во системот што исто така е кривично дело казниво според законските прописи во земјава.За првите шест месеци бројките покажуваат дека ЕВН Македонија на 880 корисници им испорачала поединечни пресметки за неовластено користење на електричната енергија во висина од над 300 000 денари. Корисниците заработиле и кривични пријави според кои ќе одговараат пред судовите за стореното кривично дело за кое може да заработат и казна затвор во траење до 5 год.Според анализите 144 корисници ги манипулирале броилата, 341 директно краделе електрична енергија, 133 самоволно се приклучиле откако предходно поради долг биле исклучени, а кај 262 корисника се најдени непријавени броила. За првите 6 месеци годинава штетата е проценета на околу 124 милиони денари, а крадците украле 17, 5 милиони kWh електрична енергија. Државата е оштетена за процентот на данокот на додадена вредност ( 18%) или околу 21 милион денари кој неможел да биде пресметан бидејќи потрошената ел.енергија не била фактурирана на корисниците.Покрај оваа директна штета на дистрибутерот и државата, забележано е зголемување на материјална штета што овие корисници ја предизвикале на други корисници, најчесто нивните соседи.Праксата покажува скоро секоја 5-та кражба предизвикува поголеми или помали пожари и др. несреќи, што значи овие корисници во опасност ги доведуваат и своите но и животите на другите кои живеат во близина на местата каде што се краде електричната енергија. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Седумдесет и петгодишен маж е најден починат во шахта
Седумдесет и петгодишен маж вчера е пронајден починат во шахта за водовод во гостиварското село Дебреше, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Вчера попладне С.Р., жител на Дебреше во полиција пријавил дека во шахта за водовод лоцирана во куќата на неговиот братучед го пронашол починат неговиот вујко А.Џ. (75)“, се вели во полициското соопштение.
На местото на настанот, увид извршиле јавен обвинител и екипа на криминалистичката полиција.
Телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.
Црна хроника
При контрола на СВР Тетово, одземени ножеви и боксирач од деца
Министерството за внатрешни работи информира дека се одземени ножеви и боксирач од малолетници при вчерашната акциска контрола на СВР Тетово спроведена во периодот од 14:00 до 16:00 часот во угостителски објекти на подрачјето на Тетово.
-При контрола во угостителски објект на улица „Љубо Божиновски Пиш“, кај 17-годишен малолетник биле пронајдени и одземени неколку ножеви и метален „боксирач“. Истовремено, при контрола во објект во склоп на Спортскиот центар, кај двајца малолетници биле пронајдени и одземени ножеви, се наведува во соопштението на МВР.
Од МВР посочуваат дека сите малолетници се приведени во полициска станица во присуство на родители, а по целосно документирање на случајот биле предадени на нивните родители.
Црна хроника
Возач на комбе не забележал човек зад возилото, го удрил и тешко го повредил
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека на 30 јануари 2026 година, околу 16:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на објект во изградба на подрачјето на Ѓорче Петров се случила несреќа со тешки последици.
Според пријавата, М.Д., управувајќи товарно возило – комбе, при движење наназад не го забележал Д.З. (51) од Скопје, кој се наоѓал покрај ограда зад возилото, при што го удрил. Повредениот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

