Црна хроника
Му го скршиле колкот во кафеана
Скопјанец завршил со скршен колк и исеченици по телото во Ургентен центар, откако бил брутално претепан во една кафеана во скопска Кисела Вода.
Инцидентот се случил во неделата рано изутрина околу 01.00 часот кога Г.В.(32) од Скопје бил физички нападнат од страна на неколку непознати лица.Тој најнапред бил тепан во кафеаната, а потоа бил извлечен надвор каде истите продолжиле да го удираат и да го влечат.Г.В. успеал да побегне и да се сокриеВо полициската станица во Кисела Вода приведени се две лица учесници во настанот за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

