Црна хроника
Кежаровски: Јас сум колатерална штета оти лажниот сведок си го откри идентитетот
Обвинението против мене е неосновано, во текстовите во весникот „Репортер 92“ не го открив идентитетот на заштитениот сведок и не сум загрозил ничиј живот и ничие здравје, рече во завршните зборови новинарот на Нова Македонија, Томислав Кежаровски.
„Сведокот јавно призна дека е лажен и дека бил инструиран од полицијата и дека напамет ја научил изјавата којашто му ја напишале во полиција. Јас сум колатерална штета само за да се забошоти самооткривањето на сведокот“, рече Кежаровски.
Обвинителството го товари дека во вториот текст во весникот го објавил телефонскиот број на заштитениот сведок, но Кежаровски тврди дека тоа не бил бројот на сведокот, туку број кој се користел во затворот.
Според Кежаровски, неговите текстови ја откриле вистината за условите во кои работат судовите и непочитувањето на судскиот деловник, а истовремено се и силна критика против работењето на Министерството за внатрешни работи.
„Обвинението против мене не е покренато поради откривање на идентитет на заштитениот сведок, туку за да се открие кој ми го дал записникот и кој ми ги дал информациите од МВР. Господине судија, да бевте на мое место, да бевте новинар, дали ќе ги сокриевте сиве овие информации ако ги имавте“, праша Кежаровски.
Неговите текстови уште на почетокот предвиделе дека случајот „Ореше“ ќе се развие, како што рече, во Драјфусова афера со драматична содржина. „Зошто сега ми се суди мене, а не на оние кои се инволвирани во случајот“ праша Кежаровски.
Тој праша зошто никој од полицијата и од судот досега не го демантирале она што било нашишано во текстовите. „Свесен сум дека му го потопив лажниот авторитет на некој од МВР“ рече Кежаровски.
Нему му се суди за откривање идентитет на лажниот сведок за убиството на старецот од велешкото село Ореше. Златко Арсовски – Бреза пред акцијата „Ликвидација“ си го откри идентитетот и рече дека бил лажен сведок којшто го нашла полицијата и му напишала што да каже.
Завршни зборови дадоа и останатите обвинети кои тврдеа дека обвинението е неосновано. Идната седмица се очекува пресуда за случајот./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.

