Црна хроника
МВР: Залихата од „Машинопромет“ ја продавале како старо железо
Осомничените во случајот „Претседавач“ ја продавале залихата од скопската фирма во стечај „Машинопромет“ како старо железо, а фирмите на коишто им ја продавале обезвреднетата стока ја продавале по пазарна цена.
Министерството за внатрешни работи попладнево на прес-конференција излезе со детали за акцијата што беше спроведена во средата, во којашто беа уапсени 11 лица, а првоосомничен е претседателот на Советот на општина Центар и претседател на Управниот одбор на „машинопромет, Мирослав Шиповиќ. Тој е во САД кај неговиот син и најави дека ќе се врати во Македонија на 15-ти октомври.
Тој сé уште е баран со интерна потерница и по него сé уште не е распишана меѓународна потерница.
Осомничените се на распит пред истражен судија и против нив е поднесена кривична пријава. Уапсени се членови на Управниот и Надзорниот одбор на „Машинопромет“ сопственици на приватни фирми и службеници од Управата за јавни приходи.
Според кривичната пријава, осомничените ја намалиле вредноста на залихата од милион евра на околу 280 илјади евра.
Во меѓувреме АД „Машинопромет“ доставува барање до Управата за јавни приходи (УЈП), во кое ги информира дека стоката на залиха со која располагаат е застарена и дел од истата нема никаква пазарна вредност и дека ќе се отуѓи како отпаден материјал
УЈП во облик на Одговор дава Согласност за оттуѓување на потпишаната магацинска стока.
Во 2010 година Основниот суд Скопје II Скопје донел за претстечајна постапка и предлог мерка за „забрана за оттуѓување на имотот“ на АД„Машинопромет“. Спротивно на ова решение, одговорните лица во АД„Машинопромет“ во текот на април 2011 година ја продаваат целата залиха на трговска стока со која располага Друштвото, како отпадно железо на фирмата „Би Метали“ Штип, но фактички стоката завршува и е наменета за правните лица „Ин-Ком“ и „Интеркомерц“ Штип. Овие фирми подоцна ја пласираат стоката на пазарот со вистинската малопродажна вредност.
„Како поткрепа на фактот дека станува збор за противзаконско дејствие, говори и податокот дека пријавениот сопственик на „Ин-Ком“ не го уплатил договорениот износ од 250.000,00 денари на АД„Машинопромет“, туку на сметката на правното лице „Сиком“-сопственост на братот на првоосомничениот. Од паралелната евиденција, односно фактурите и испратниците од „Би Метали“ до „Ин-Ком“ и „Интеркомерц“, утврдено е дека испорачаните (фактурирани) резервни делови кон „Ин-Ком“ и „Интеркомерц“ се пласираат на пазарот (иако истите од АД„Машинопромет“ се продадени како старо железо) со што се докажува дека продадената роба како старо железо имала вистинска пазарна вредност“, изјавија од МВР.
Со ова осомничените го оштетиле буџетот на „Машинопромет“ за околу еден милион евра, а Буџетот на државата за околу 220 илјади евра, долг на „Машинопромет“ по основ на јавни давачки заклучно со 2011 година.
Трговска стока од „Машинопромет“наводно „продадена“ на „Би Метали“Штип, во моментот, во најголем дел се наоѓа во магацинските простории на друштвото „Ин-Ком“Штип. /крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.

