Црна хроника
Ограбен хотелот „Капри“ во Битола

Во петокот, бил ограбен хотелот „Капри“ во Битола, во соблекувалната, јави МВР.
Имено, во петокот околу 12.20 часот во хотел „Капри“ од страна на непознат сторител била извршена разбојничка кражба на тој начин што сторител преку задната врата влегол во хотелот и од машката и женската соблекувална одзел неколку паричници и ташни во кои имало околу 22.000 денари, картички од повеќе банки и разни документи.
А.У.(26) од Битола, го затекнала сторителот во женската соблекувална, по што почнале да се влечат и успаела да му одземе еден од украдените паричници.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден работник додека демонтирал скеле во Драчево

Педесет и двегодишен работник од Скопје бил со тешки повреди донесен вчера на Комплексот клиники.
Тој се здобил со повреди при демонтирање на скеле на улицата Партизански пат во Драчево, Скопје.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Ужас наместо одмор: скопјанка нападната од партнерот во Грција

Триесет и четиригодишна жена од Скопје во МВР пријавила дека била нападната од страна на партнерот Д. Т. (36).
Нападот, според пријавеното, се случил вчера во апартман во Република Грција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Велешанец со четирицикл излета од патoт кај Чашка, тешко повреден

Четирицикл управуван од Д.Н.(40) од Велес, излетал надвор од коловозот на регионалниот пат село Извор,општина Чашка
Во несреќата велешанецот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Ј.Н.(37) од Велес констатирани во Општата болница Велес.
Извршен бил увид.