Црна хроника
Бегалец од затвор пукал кон полицајци
Во саботата на пладне на регионалниот пат село Групчин – село Мерово, кај чешмата, полицајци нашле бегалец од затвор при што се обиделе да го уапсат, но тој пукал кон нив и избегал.
Имено, при преземање мерки за лишување од слобода на лица за кои е распишана потерница, по добиено оперативно сознание бил пресретнат “Голф 2“ црвена боја без регистерски таблички, управувано од М.Р.(1990) од село Ларце, тетовско.
Како сопатник се превезувал Ј.Р.(1980) од село Ларце, за кого од Основниот суд Скопје I има распишано Наредба за спроведување во КПУ-Штип, од каде е избеган.
Откако лицата во возилото ги забележале полициските службеници, запреле на оддалеченост од околу 10-15м од нив, по што Ј.Р. излегол и со пиштол (непозната марка и калибар), испукал неколку куршуми кон полицајците и почнал да бега кон шумата.
Полициските службеници му наредиле да застане, по што Ј.Р. се оглушил на наредбата, повторно испукал неколку куршуми кон нив и избегал.
Полициските службеници испукале неколку куршуми во воздух за заплашување, а потоа бил приведен братот на Ј.Р., кој го управувал возилото и истиот ќе биде задржан во СВР се до расчистување на настанот.
Во кругот на полициската станица Групчин е пренесен автомобилот “Голф“ за крим-техничка обработка.
Од испуканите куршуми нема повредени.
Истражен судија, јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Тетово било излегле на лице место, а увидот ќе продолжи денеска. Се преземаат мерки за пронаоѓање на Ј.Р./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

