Црна хроника
Со фалсификат документи од ДУТ, неколку Италијанци ќе станеле доктори
Секторот за внатрешни работи Тетово откри мини-работилница за изработување и дистрибуција на фалсификувани дипломи и уверенија од Државниот унивезитет Тетово, наменети за лица од Италија, а во вторник поднесе и кривична пријава против 30-годишниот М.О од тетовско Селце поради основи на сомнение дека сторил кривично дело – “фалсификување исправа“.
Пријавениот се сомничи дека фалсификувал повеќе уверенија и дипломи од Факултетот за медицински науки на име на лица-странски државјани и по преведувањето кај овластен преведувач, ги заверувал на нотар и им ги дистрибуирал на лицата од Италија.
На тој начин осомничениот успеал да завери шест уверенија, додека 16 други не биле заверени, бидејќи нотарот се посомневал во нивната веродостојност, односно оргиналност.
При претресот извршен со соодветна судска наредба во куќата на М.О. во тетовско Селце, пронајдени и одземени биле: една диплома за завршени медицински науки на Државниот тетовски факултет на име на италијански државјанин, две уверенија за завршен Медицински факултет за исто толку лица од Италија, две уверенија за завршен стручен испит пред Испитна комисија за стоматологија во Скопје, четири фотографии на лица од Италија, седум други документи во фотокопии на италијански државјани наменети за Хрватска и две тетратки со списоци со имиња на потенцијални, идни корисници на неговите фалсификаторски услуги.
Сето пронајдено во претресот е фотодокументирано, одземено и ќе се вештачи, по што за споменатите лица ќе бидат известени и италијанските власти.
Пријавениот М.О е приведен на граничниот премин Јажинце, а вчера со соодветна пријава беше изведен пред истражен судија на Основниот суд Тетово, кој му определи мерка притвор во траење од 30 дена./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

