Црна хроника
Место да го однесат на железничка, го претепале и го ограбиле
Еден човек од велешко Бузалково, стопирал на патот Крушево-Прилеп и побарал да го однесат до железничката станица, но тие го претепале и го ограбиле, соопшти полицијата.
Имено, во вторникот, околу 15.30 часот, на патниот правец Прилеп-Крушево во близина на местото викано Борова Шума две непознати лица кои се превезувале со патничко возило „опел кадет“ доброволно го качиле во возилото 32-годишниот Д.М. од село Бузалково, велешко, со намера да го пренесат до железничка станица во Прилеп.
По ова, двете лица со употреба на физичка сила извршиле разбојништво над него одземајќи му 59 илјади денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителите./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.