Црна хроника
Запленети 150 килограми марихуана на излезот од селото Лазарат
Албанската полиција во средата наутро откри и заплени 150 килограми дрога од типот марихуана на самиот излез од селото Лазарат, каде што големи површини се засадени токму со ова растение.
Дрогата била откриена во едно возило од типот мерцедес со фалсификувани регистарски таблички во 120 пакувања. Во акцијата на полицијата е уапсен возачот на автомобилот.
Излезите од селото Лазарат во близина на градот Ѓирокастро во јужна Албанија, познато по масовното огледување на дрогата марихуана, неколку месеци се под контрола на полицијата, но досега полицијата нема навлезено во селото.
Пред извесно време новиот директор на албанската полиција Артан Диди изјави дека влегувањето во селото Лазарат е мошне комплексна акција во која треба да учествуваат сите институции во државата. /крај/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.