Црна хроника
Ограбено охридското муфтивство

Околу 180.000 денари, 100 евра, еден златен наполеон и пет златни прстени, одзел засега непознат сторител од канцеларија на охридското муфтивство на ИВЗ лоцирана на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, јавува Охридњус.
Кражбата се случила во текот на изминатото деноноќие, а пријавена е во СВР Охрид утрово во 8 часот и 45 минути. Сторителот на овој вандалски чин, со употреба на физичка сила и удар насилно го отворил прозорецот од задната страна на објектот и успеал да влезе во внатрешноста на канцеларијата.
Откако извршил пребарување, тој забележал метална каса која со соодветен алат ја отворил, по што ги одзел парите и златните предмети, информираат од полицијата.
На лице место, полициски екипи од СВР Охрид извршија криминалистичко-технички увид по што се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот. /крај/ох
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 61-годишен маж: бил затекнат како предизвикува пожар во скопско Огњанци

Денеска полициски службеници од СВР Скопје во 18.30 часот, кај старата депонија во село Огњанци го затекнале 61-годишниот А.Ф. од село Огњанци, како предизвикува пожар на сува трева и ѓубриште.
Пожарот е изгаснат, а А.Ф. е лишен од слобода во полициска станица и ќе биде известен надлежен јавен обвинител.
Црна хроника
Со комбе му ја загрозил безбедноста на мотоциклист во Струшко

Вчера во ОВР Струга е пријавено дека, на локален пат во струшкото село Делогожда, Л.Ж. , кој управувал комбе, му ја загрозил безбедноста на В.Д.(35), двајцата од истото село, кој на патот управувал моторцикл.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Ја присилил ќерка си да пита во Дебар: уапсен маж од Скопско

Синоќа во 20.40 часот, во ОВР Дебар лишен од слобода е С.Р.(30) од скопската населба Шуто Оризари.
Тој се сомничи дека го сторил казненото дело „Запуштање и малтретирање дете“ бидејќи ја присилил неговата малолетна ќерка да врши питачење на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар каде биле затекнати од полициските службеници.
За настанот, известени се јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Дебар и по целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.