Црна хроника
Тетовец ја оставил отклучена влезната врата, му украле накит вреден 10.000 евра
Арамии украле златен накит од куќа од тетовското село Групчин, вреден над 10.000 евра, соопшти МВР.
Кражбата се случила во периодот од 15 до 19 ноември, додека сопствениците на куќата биле на пат и најверојатно ја оставиле вратата од куќата отклучена. Според претпоставките на триесет и двегодишниот сопственик на куќата, крадецот влегол најверојатно преку незаклучената влезна врата и од спалната украл кутија во којашто имало 10 парчиња златен накит вреден 615.000 денари или над 10.000 евра.
Сопственикот на куќата случајно открил дека ја нема кутијата со накит кога и рекол на својата сопруга да извади некое парче златен накит за да го продадат. Тогаш виделе дека кутијата со накит ја нема и откако не ја нашле во куќата во полициските одделение во Групчин пријавиле дека им е украден накитот.
За девет месеци во Тетово и тетовско е украден златен накит вреден 24 милиони денари, а за овој период се случиле вкупно 341 тешка кражба, бил украден златен накит, технички апарати, пари. Посебна цел за крадците се оние кои работат во странство./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

