Црна хроника
Велешанец загина, а сопругата и синот повредени во сообраќајка

Велешанец загина, а неговата сопруга и синот, како и возачот на автомобилот се повредени во тешка сообраќајка што се случи синоќа околу 20 часот на регионалниот пат Градско – Велес кај местото Шарен мост.
Сообраќајката се случила кога триесет и петгодишниот возач на автомобилот „опел“ изгубил контрола над возилото и удрил во бетонски мост.
Педесет и седумгодишниот Мијалче С. починал на лице место, додека неговата една година помлада сопруга, 16-годишниот син и возачот на автомобилот се повредени. Синот е хоспитализиран во медицинскиот центар во Велес, додека сопругата и возачот на автомобилот се примени во Ургентниот центар во Скопје.
Извршен е увид на местото на несреќата, а телото на починатиот е предадено за обдукција./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден скопјанец донесен во Градската болница: бил истепан од две лица кои му се заканувале со пиштол

Вчера во 23:44 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“- Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.М.(54) од Скопје.
Според пријавеното, со повредите се здобил околу 22:50 часот кога во дворот на семејниот дом во Скопје бил нападнат од две лица, кои му се заканувале со пиштол, а потоа и физички го нападнале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот
Црна хроника
Тешко повреден 13-годишник од Кичево: управувајќи електричен тротинет се судрил со „фолксваген туран“

Вчера во 21:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на улицата „Љубица Богеска“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.З.(49) од Кичево и електричен тротинет управуван од 13-годишен малолетник од Кичево.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево.
Топ
Се запали глисер во Охридско Езеро

Пожар избувнал во глисер укотвен во водите на езерото, на плажите помеѓу населбата и автокампот „Елешец“, на околу 30 метри од брегот.
За среќа, во инцидентот нема повредени лица. Во гаснењето на огнените јазици интервенирале екипите на Територијалната противпожарна единица Охрид, заедно со припадници на езерската полиција, кои брзо реагирале за да спречат поголема катастрофа.
Според полициските информации, глисерот бил регистриран и во сопственост на 64-годишниот З.Д. од Тетово. Пожарот предизвикал сериозни оштетувања на коритото, поради што пловилото потонало на длабочина од околу три метри. Покрај тоа, огнот оштетил и два други глисери кои биле укотвени во близина.
Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати, а истрагата за утврдување на околностите е во тек.