Црна хроника
Помош за семејствата чии куќи изгореа во пожарот во Тенеќе маало
Неисправната електрична инсталација била причината за пожарот кој во сабота вечер избувна во Тенеќе маало во Топанско Поле, при што без покрив над главата останаа 120 луѓе.
Пожарот избувнал околу 2 часот по полноќ, а пламените јазици за кратко време опожариле 24 куќи.
Владата во вторник на седница ќе одлучи со која динамика ќе се реновираат опожарените куќи.
Во недела погодените семејства од пожарот ги посети министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, кој најави привремено сместување на овие луѓе во одморалиштето во Љубанци.
Градоначалник Коце Трајановски најави помош во висина од околу 1,5 милиони денари.
Црвениот крст на Град Скопје доставил по 30 пакети храна и хигиенски производи за да се задоволат потребите на 100 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

