Црна хроника
Лажно пријавил дека го ограбиле маскирани разбојници
СВР Скопје поднесе кривична пријава против 28-годишен жирел на Делчево, кој на 12-ти декември, сакајќи нелегално да се стекне со имотна корист, лажно пријавил дека на излез од скопскот осело Волково, кај обиколницата, непознати маскирани разбојници со закана со пиштол му одзеле одзеле 3.200 евра, две плаежни картички и ајфон, оштетувајќи го за 200 илајди денари.
Местото на настанот по пријавата било обезбедено и бил озвршен увид, а делчевецот во службени простории на СВР Скопје пред полициски службеници дал лажна изјава дека му е извршено кривично дело „разбојништво“.
Меѓутоа, извршениот увид, недоследностите во дадена изјава, како и преземените оперативно тактички мерки, дале основи полицијата да се посомнева во неговиот исказ по што лицето идентификувано со иницијалите Д.С. било повикано на втор разговор и му било укажано дека неговата изјава не содејствува со фактичката состојба.
Во вториот разговор тој појаснил дека делото лажно го пријавил со цел да се стекне со имотна корист, оти целиот настан го измислил, парите ги сокрил во механичарскиот алат во товарното моторно возило, а двете платежни картички и ајфонот ги фрлил во непосредна близина на местото, каде лажно го пријавил разбојништвото.
По разговорот, заедно со пријавувачот полициски екипи излегле на местото каде што посочил дека ги фрлил платежните картички и ајфонот, како и кутијата со механичарски алат, каде го сокрил ковертот со 3.200 евра. Пронајдените пари и предмети се фотографирани и подигнати и со потврда за вратени предмети се предадени на соственикот на компанијата за којашто работел./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

