Црна хроника
Тинејџерка од куршум ја спасија очилата
Тинејџерка во американскиот град Сиетл имала неверојатна среќа бидејќи куршум истрелан од автомобил се одбил од нејзините очила, соопшти локалната полиција.
Шеснаесетгодишната девојка во саботата навечер заспала на каучот во дневната соба во куќата на нејзините родители, а во 21.40 часот по локално време од црн автомобил кој минал крај куќата биле истрелани неколку куршуми, соопшти портпаролот на полицијата во Сиетл, Марк Џејмисон, пренесува Reuters.
Неколку куршуми го пробиле ѕидот, а еден минал низ прозорецот, рекол Џејмисон. Еден куршум удрил во мостот на нејзините очила. Претрпела само полесни повреди, додал.
„Имала огромна среќа“, вели Џејмисон. Уште неколку лица имало во тој момент во куќата, но никој за среќа не настрадал.
Полицијата смета дека станува збор за пресметка меѓу банди, а оти девојката не била цел. Не е познато колку луѓе учествувале во пукањето, но уште никој не е уапсен, додал Џејмисон./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.