Црна хроника
Татко и син приведени за експлозијата во Тетово
Татко и син се осомничени и приведени за експлозијата во Тетово во која во неделата беа повредени пет деца, од кои две со потешки повреди беа пренесени во болница во Скопје.
Во неделата попладне на ул „29 Ноември“, поточно во дивата ромска населба кај реката Пена, настана експлозија од за сега непознато експлозивно средство. Во експлозијата беа повредени пет деца на возраст меѓу 5 и 14 години, а две беа префрлени на скопските клиники. Според последните информации, двете хоспитализирани девојчиња се надвор од животна оппасност.
Полициски службеници и екипа од антитероризам извршиле увид на местото при што биле пронајдени фрагменти од експлозивното средство. По ова бил извршен претрес во куќата на Н.К. (46) каде била пронајдена граната и истиот бил приведен. Како што информира СВР Тетово приведен е и неговиот дваесет и осумгодишен син, а 15-годишен малолетник бил повикан на разговор.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Кривична пријава за „проневера во службата“ против претседател на ловечко друштво од Струмица
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 41-годишниот Д.Р. од Струмица, поради постоење на основи на сомневање дека сторил кривично дело „проневера во службата“ по член 354 од КЗ.
Пријавениот во својство на претседател на ловечко друштво од Струмица, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во текот на 2024 и 2025 година од трансакциска сметка на ловечкото друштво на која воедно бил и овластен потписник, во повеќе наврати подигнувал поголеми износи на парични средства кои ги присвоил за себе, без за тоа да има соодветна оправданост или сметководствено покритие.
Со таквите дејствија Д.Р. прибавил за себе противправна имотна корист во вкупен износ од 1.326.787 денари, за кој износ е оштетено ловечкото друштво.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

