Црна хроника
Повредени припадници на Шумската полиција
Двајца припадници на Шумската полиција се потешко повредени во физичкиот напад на осуммина непознати лица врз четиричлена полициска патрола во петокот навечер во близина на местото Раскрсница кај рудникот „Сивец“ крај Прилеп, информираат од МВР.
Четворицата полицајци биле спречени при вршењето на службените дејствија, при што на двајца од патролата им се нанесени тешки повреди.
Додека управувале службеното возило „лада нива“ и вршеле контрола на патниот правец Прилеп – Дервен и Дервен – Никодин, автомобил „лада“, со непознати регистарски таблички, се испречило пред нивното возило за да им го попречи и оневозможи движењето. Полицајците излегле од возилото и во истиот момент од другото возило излегле осум засега непознати лица, кои физички ги нападнале.
Еден од полицајците бил удрен со рачка од секира во левиот заден слабински предел од телото по што паднал на земја. За да го одбие нападот и заради заплашување, испукал еден истрел од својот службен пиштол „ЦЗ“ калибар 7,62 милиметри по што напаѓачите избегале.
Полициската станица Прилеп презема мерки за пронаоѓање на сторителите./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

