Црна хроника
Скопјанец ја тепал поранешната девојка на улица
Дваесет и петгодишен скопјанец ја претепал поранешната девојка на улица во скопската населба Капиштец, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот се случил во вторник, околу 21 часот во Скопје на ул. „Народен Фронт”, додека Л.О.(21) и нејзината другарка се движеле со автомобил „пежо” им бил попречен патот од автомобил „БМВ” управувано од С.Д.(25), кој претходно бил во љубовна врска со Л.О.
По ова, С.Д. излегол од возилото почнал да ја навредува и физички ја нападнал поранешната девојка, удирајќи ја по главата и телото, а потоа и го одзел клучот од возилото и се упатил во непознат правец.
По кратко време истиот се вратил и повторно физички ја нападнал, по што се оддалечил во непознат правец.
Полицијата го привела С.Д. и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Фатени дилери на дрога, меѓу нив и дете
Ноќта помеѓу 7 и 8 ноември .11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Ј. од Куманово, Ф.С. од Кочани, Б.А., М.Р., П.Ѓ., М.Ј., М.Е., А.П. и еден 16-годишен малолетник, сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
Црна хроника
МВР со опомена до 150 граѓани кои зборувале на телефон додека минувале на пешачки
Во периодот од 26.09.2025 до 07.11.годинава полициските службеници од СВР Скопје издале вкупно 150 опомени за граѓаните. Согласно проценките, динамиката и степенот на информираност и запознавање на граѓаните за измените во законската регулатива, во наредниот период се очекува отпочнување со изрекување на соодветни санкции, по целосното информирање на граѓаните за новите законски одредби.
Новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот – пешачењето со телефон во рака или преминувањето пешачки со тротинет е прекршок кој се плаќа. Ако преминувате пешачки со мобилен телефон на уво или во рака – казната е 40 евра.
Ако возите тротинет, мотор или трактор со користење електронски уред – казната е 50 евра.
Црна хроника
Пожар зафати товарно возило во двор на фирма во Крушопек
Во првите часови по полноќ, на 8 ноември, во СВР Скопје било пријавено дека во двор на фирма во селото Крушопек избувнал пожар во товарно возило ман со скопски регистарски таблички, сопственост на фирмата.
Пожарот бил навреме изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Нема повредени лица, а увид на местото на настанот ќе биде извршен во текот на денешниот ден.

