Црна хроника
Шверцер на цигари бегајќи удрил со возило во полицаец и избегал

Министерството за внатрешни работи информира дека при акција за откривање на шверц на цигари во Делчево на 20 март, во обид да сопрат возило во кое се пренесувала стоката, возачот на возилото ја зголемил брзината на движење и обидувајќи се да ја избегне полициската контрола удрил во полициски службеник по што избегал од местото.
Полицаецот од ударот на возилото се здобил со полесни повреди.
Според информациите на МВР по преземени мерки од страна на надлежните органи пронајдено е возилото со кое се вршел транспортот на цигарите и кое ја загрозило безбедноста на полицискиот службеник.
Во акцијата уапсен е С.Н. кој управувал со возилото, како и уште неколку други лица за кои полицијата се сомнева дека биле соработници во извршување на ваквото дело.
По целосно завршување на истрагата против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Скопјанец ја турнал мајка си, ја давел, па кршел саксии по дворот, Обвинителството бара притвор

Скопското Обвинителство поведе постапка против 40-годишен маж од Скопје, осомничен дека извршил телесна повреда врз својата мајка, во инцидент што се случил на 21 септември во семејниот двор на улицата „Славејко Арсов“.
Според истрагата, осомничениот на висок тон барал пари од своите родители. Неговиот татко, вознемирен, го напуштил дворот, но синот продолжил да ѝ се обраќа на мајка си со навреди и грубости, по што и физички ја нападнал – се обидел да ѝ го земе телефонот, ја турнал на земја и почнал да ја дави за вратот.
Исплашена за својот живот, жената успеала да се тргне на страна, додека синот продолжил да уништува предмети и саксии низ дворот. Таа задобила телесни повреди, а Обвинителството побара притвор, поради ризик од бегство и загрозување на жртвата, со која и понатаму живее во иста заедница.
Црна хроника
Кривична пријава против директор на ЈП за стопанисување со државни шуми „Национални шуми“

Полицијата во Дебар поднесе кривична пријава против Л.Р.(61) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Според информациите на МВР, тој, во текот на 2024 година, во својство на директор на Јавно претпријатие за стопанисување со државни шуми „Национални шуми“, ПО Скопје, подружница „Стогово“- Дебар, објавил јавен повик за склучување на договор за закуп на плац за складирање на огревни дрва во Дебар, по што, со злоупотреба на службената положба и овластување, подметнал фиктивна понуда за плац, наводно навремено поднесена и со пропуштање на должен надзор и увид дали парцелата ги исполнува минималните услови наведени во јавниот повик, спротивно на предвидените услови, склучил договор за подзакуп и закуп на недвижен имот градежно неизградено земјиште во Дебар.
Со тоа, пријавениот на јавното претпријатие му нанел штета од 615.495 денари.
Црна хроника
Ограбена девојка додека седела во кафуле во Центар, малолетник со тротинет ѝ ја украл чантата

Вчеравечер во 22:05 часот Е.К.(23) од Скопје пријавила во полиција дека околу 20:40 часот, додека седела во угостителски објект на подрачјето на Центар, малолетно лице кое управувало електричен тротинет ѝ одзело чанта со паричник и лични предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.