Црна хроника
Четворица повредени на Ат пазар во Битола
Возач на автомобил „ситроен ксара” во петокот рано наутро удрил во една од сендвичарниците на Ат пазар во Битола, при што се повредени четири лица, до кои тројца потешко.
Несреќата се случила утрово околу 6 часот, во момент кога дуќаните кои се наоѓаат на оваа локација го започнуваат својот работен ден.
Од ударот повредени се четири лица, кои во моментот го пиеле утринското кафе. Сите се пренесени на клиниката во Битола. Тројца од нив се со тешки телесни повреди, а едно лице со лесни повреди. Возачот на автомобилот не е повредени.
Засега нема информации за причината и околностите во кои се случил инцидентот.(видео)/крај/мф/ом
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.