Црна хроника
Запленети 19.480 кутии цигари на границата со Бугарија
Полицијата заплени 19.480 кутии цигари во вредност од околу 40.000 евра во вторник вечер на границата со соседна Бугарија, соопшти министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Во рамки на акцијата, уапсени се осум лица од Делчево, Пехчево и Крива Паланка, а уште четири членови на криминалната група која криумчарела цигари се во бегство.
Вчера вечер на државната граница со Бугарија била поставена заседа, по претходни сознанија на полицијата за шверц на цигари. При обидот на полициските службеници да сопрат возило „форд експлорер” со бугарски регистерски таблици, кое се движело во правец на село Панчарево, Делчево, возачот го насочил возилото кон полициските службеници со намера да ги прегази, ја пробил заседата и избегал. Во моментот на пробивање на заседата полицијата пукала, а по половина час потрага возилото било пронајдено откако удрило во дрво покрај патот.
Полицијата нешто подоцна ги пронашла двете лица од возилото, Д.К. (24) од Крива Паланка и В.П. (31) од Пехчево и истите се приведени во полициска станица. Покрај нив уапсен е и организаторот на криминалната група Б.А. (31) од Крива Паланка.
Во возилото биле пронајдени 19.480 кутии цигари без и со акцизна маркица – бандерола, а нивното потекло допрва ќе се утврдува. Вкупната вредност на откриените цигари изнесува 40.000 евра.
Во врска со случајот уапсени се уште пет лица, а уште четири се во бегство. Сите се членови на криминална група која подолго време криумчарела цигари во Бугарија.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

