Црна хроника
Оштетен штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп
Непознат сторител ја оштетил влезната врата на штаб на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, вчера околу 16,30 часот, непознат сторител го искршил стаклото на влезната врата на просториите во кои е сместен Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на ул. ‘Генерал Васко Карангелески’ во Прилеп.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец ја нападнал поранешната сопруга, па ја заклучил дома и и’ се заканувал
Полицијата во Гази Баба приведе 38-годишен маж кој ја нападнал поранешната сопруга.
Според информациите од МВР, тој вчера на пладне ја начекал 39-годишната жена на автобуска постојка во скопско село и физички ја нападнал.
Потоа, ја заклучил во неговата куќа и и’ се заканувал, а закани упатил и кон нивните деца.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.
Црна хроника
Раправија во работилница во Чаир заврши со пукање
Во СВР Скопје вчера во 16.44 часот Е.З.(25) од Скопје пријавил дека во неговата работилница на подрачјето на Чаир, по претходна расправија, Б.Р.(36) од Скопје со пиштол испукал еден проектил кон него, но не го погодил.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Скопјанец со возило поминал преку ногата на малолетничка и побегнал
Вчера во 12.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, З.Г.(64) од Скопје, со патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки поминал преку ногата на малолетничка од Скопје и со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го пронашле и привеле лицето во Полициската станица Гази Баба.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.