Црна хроника
Деветнаесетгодишно момче загина во сообраќајка во Тетово
Деветнаесетгодишно момче загина во сообраќајна несреќа што се случила во среда изутрина во Тетово, информира СВР Тетово. Во несреќата тешко е повредено едно девојче, а уште три лица се здобиле со полесни повреди.
Утрово околу 6 и 30 часот на клучката Југ, на излезот на Тетово се случила сообраќајна несреќа откако автомобил „тојота” со тетовски регистерски таблички, управуван од Е.Ц. (19) од село Теарце излетал од патот и се превртел.
Во несреќата загинал возачот, а неговата врсничка Б.И. од село Порој се здобила со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во болницата во Тетово била префрлена на скопските клиники.
Во сообраќајката биле повредени уште тројцата сопатници во возилото, сите на возраст од 19 години, кои по укажаната лекарска помош во болница во Тетово биле пуштени на домашно лекување.
Јавен обвинител и екипи на СВР Тетово извршиле увид на местото на несреќата и се работи на целосно расветлување на случајот.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец: ограбил манастир во Неготино
Вчера во 12:30 часот во Неготино, од страна на полициски службеници од ОВР Неготино од слобода е лишен 44-годишниот М.А. од Прилеп, по добиена пријава дека истиот ден околу 09 часот, со употреба на сила, одзел пари од манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и М.А. е лишен од слобода, а по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, запленети 300 теписони и стази без документација
Вчера полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции на подрачје на СВР Охрид, поточно на место викано Подмоље го лишија од слобода А.Ј (52) од Скопје.
Имено, откако било сопрено товарно возило „форд транзит” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј., при преглед на возилото во товарниот дел пронајдени се 300 теписони и стази, без соодветна документација.
Лицето е лишено од слобода, а возилото и стоката се одземени.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
фото: МВР
Црна хроника
Со возилото удрил во заштитна ограда а возел со 1,98 промили алкохол во крвта: уапсен кичевец
Вчера во 18:25 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај месноста „Копачка“, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода О.М.(63) од Кичево.
Претходно, тој со патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, излетал од патот и удрил во заштитна ограда, а при преземање мерки во врска со незгодата е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,98 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информира МВР.

