Црна хроника
Трагедија: Татко заборавил тригодишно дете во автомобил, тоа починало

Четириесетгодишен Полјак ја заборавил својата тригодишна ќерка во автомобил на врело сонце, по што детето починало, јавува Радио Полска.
Таткото, брзајќи на работа, заборавил да го однесе детето во градинка, а потоа без да забележи го оставил во возилото и се вратил дури по осум часа, кога му завршило работното време и го видел мртвото тело на својата ќерка.
И покрај обидите за оживување, на детето му немало помош, потврди портпаролот на полицијата Александра Новара.
Овој страшен настан се случил во вторник во полскиот град Рибник, кога овој дел на Полска бил зафатен од тропски горештини, а температурата во возилото се искачила и до 70 Целзиусови степени. /крај/дн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.