Црна хроника
Уапсена дилерка од Скопје
Дваесет ичетиригодишна дилерка од Скопје била уапсена минатата недела на техно забава на Градската плажа во Скопје.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, И.В. (24), која во 2012 година била условно осудена за недозволена трговија со марихуана, во текот на минатиот месец, од засега непознато лице набавила поголема количина на синтетички дроги, кои ги препакувала за улична продажба и на однапред договорени места, како и на техно забави низ градот ги продавала на зависници.
Пријавената на крајот на минатата недела била забележана од страна на полицијата на Градската плажа каде се одржувала техно забава и врз истата бил направен личен претрес, при што кај неа биле пронајдени 118 таблети екстази со лого „супермен“ и ,,мерцедес“, 1,8 грама амфетамин и девет парчиња „трип“.
И.В. е лишена од слобода, а запленетата синтетичка дрога е предадена за вештачење.
Против неа е поднесена кривична пријава поради основано сомневање дека сторила кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, а судот и одреди притвор од 30 дена. крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.