Црна хроника
Полицаец му удрил бокс на таксист во Охрид
Полицаец кој не бил на должност, му удрил бокс на таксист бидејќи мислел оти му го слика автомобилот.
Како што соопшти полицијата, во саботата попладне С.Н.(45) пријавил дека истиот ден околу 16,20 часот додека со неговото такси возило бил паркиран на ул.Јане Сандански пред маркет, излезен од возилото, кон него се упатил С.С. (полициски службеник од СВР Охрид кој во тоа време не бил на должност, и во цивилна облека) на кого исто така возилото му било паркирано пред маркетот.
Најверојатно С.С., наводно помислил дека пријавителот му го фотографирал возилото, и почнал да му упатува навредливи зборови и закани и тргнал накај неговото возило. Кога С.Н. го запрашал дали е свесен што зборува, С.С. продлжил со навредите и заканите, сакал да влезе во возило, но С.Н. му рекол да почека да дојде полиција, по што С.С. со рака замавнал и го удрил оштетениот во пределот на брадата, по што со своето возило го напуштил местото на настанот.
За настанот е запознаен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.