Црна хроника
Авганистански тинејџер најден крај шини почина по тешки повреди
Шеснаесетгодишен државјанин на Авганистан почина во неделата навечер на пат кон скопските клиники, откако со многубројни повреди бил пронајден покрај шините на железничката пруга Демир Капија – Неготино.
Полициската станица во Неготино околу 22 часот во неделата до службата за Итна медицинска помош била известена дека истиот ден околу 19 часот кај местото Прждевски споменик, покрај шините е најдено лице со бројни повреди по целото тело.
Поради сериозноста на повредите лицето е пренесено во Медицинскиот центар во Кавадарци, од каде поради сериозноста на повредите со возило на брзата помош е префрлено во Универзитетскиот ценатар-Скопје, но на пат починало.
Полицијата ги истражува околностите за смртните повреди кај 16 годишниот државјанин на Авганистан.
Во изминатиот период на територијата на Македонија се случија неколку трагедии на железничките пруги во кои смртно настрадаа илегални имигранти од Блискиот исток. Најтрагична е онаа од 23-ти април, кога на делницата Велес – Скопје, во налет на возот на линијата Гевгелија – Белград беа усмртени 14 имигранти од Сомалија и Авганистан./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

