Црна хроника
Директор на ’Охридски комуналец’ го оштетил претпријатието за 3,8 милиони денари
Поранешен директор на јавното претпријатие „Охридски комуналец“ незаконски донел договори за престанок на работен однос за 14 лица на кои им исплатил 3,8 милиони денари, соопшти СВР Охрид.
Лицето С.А. (43) во својство на вршител на должност директор на „Охридски комуналец“ во периодот од 2009 до 2011 година овозможил да се спроведе противправна постапка за престанок на потреба од четиринаесет работници, прогласувајќи ги како технолошки вишок заради економски, организациони, технолошки и структурални промени на претпријатието.
Тоа го направил без да има донесена соодветна програма, услови и критериуми кои морале да бидат предвидени согласно Статутот на јавното претпријатие и Колективниот договор за комунални дејности на Република Македонија.
Со ваквите дејствија на извршување, осомничениот на четиринаесет работници им доделил средства во вкупен износ од 8.896.778 денари или 146.126 евра од кои, до октомври 2013 година им бил исплатен вкупен износ од 3.885.830 денари или 63.185 евра.
За овој износ, моментно е предизвикана штета на Јавното претпријатие, а по потпишаните договори од пријавениот, преостанати за исплата се средства во износ од 5.100.948 денари или 82.942 евра.
Тој, иако знаел за финансиските потешкотии, со искористување на службената положба и овластување, ги навел членовите на управниот одбор да донесат одлуки крајно штетни за претпријатието, а потоа лично потпишал писмени договори. Со тоа, им овозможил на четиринаесет работници покрај со законски утвдените три испратнини, да се стекнат противправно и со имотна корист од надоместок од 60 идни плати на товар на претпријатието.
Против него е поднесена кривична пријава за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

