Контакт

Црна хроника

Другарите сигурни дека „туарегот“ го прегазил Билински, обвинетиот не чувствува вина

Објавено пред

Другарите кои биле заедно со прегазениот Иван Билински се сигурни дека „туарегот“ со којшто управувал обвинетиот Џенис Мекиќ го прегазил шеснаесегодишното момче, но сепак обвинетиот пред судот рече дека не се чувствува виновен за делата што му се ставаат на товар, дека на 15-ти ноември минатата година со брзина од 100 километри на час го прегазил Билински.

dobivaj vesti na viber

Неговата одбрана во воведниот збор тврдеше дека во сообраќајната несреќа најверојатно учествувало уште едно возило, црвена „хонда“ за коешто одбраната се сомнева дека првин го удрило Белински.Адвокатот на обвинетиот, Асмир Алиспаиќ, побара да биде направено вештачење на „хондата“, возило кое според одбраната, пред да се случи сообраќајната несреќа било запрено од страна на полицијата и легитимирано, но возачот веднаш бил пуштен.Иако одбраната побарала, не е направено вештачењето на „хондата“ од страна  на Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство, за да се докаже дали „хондата“ учествувала во сообраќајката.Алиспаиќ тврди дека првичниот удар на Билински најверојатно му е од црвената „хонда“, споредувајќи ја висината на неговите повреди на потколениците и висината на „хондата“. „Вештачењето, односно кинетичкиот приказ, не соодветствува со исказот на сведоците и изјавата на Џенис Мекиќ. Обвинението е конфузно и несоодветствува со фактичката состојба“, рече Алиспаиќ.Но, вештакот и другарите кои биле со Билински кога се случила сообраќајката се сигурни дека токму „туарегот“ го удрил Билински. Вештакот неспорно тврди дека „туарегот“ со брзина од 100 километри на час удрил со долниот дел од предната страна на возилото и дека овој дел од возилото е во висина на скршениците на колената на малолетникот кој загина. Другарите беа сигурни дека црвената „хонда“ за малку ќе го удрела Билински, но го заобиколила и се качила на тротоарот. Двајцата малолетници, едно девојче и едно момче, на 15-ти ноември попладнето околу 14 часот заедно со Иван го преминувале пешачкиот премин на семафорите, од Католичката црква кон трговскиот центар „Беверли Хилс“. Сите тројца тргнале заедно да го преминуваат пешачкиот премин, а семафорите не работеле и цело време трепкало жолтото светло. Возачите на лентите кои се движеле кон населбата „Ѓорче Петров“ ги пропуштиле, а потоа Иван тргнал понапред од нив двајцата. Првин со голема брзина налетала „хондата“ која го заобиколила Иван и се качила на тротоар, а потоа веднаш наишол црниот „туарег“ кој го прегазил Иван. Момчето кое било со Иван тврдеше дека „туарегот“ го качил Иван на хауба и го возел можеби 40- 50 метри, потоа застанал и телото завршило кај автопералните во близина. Иван сé уште давал знаци на живот, а децата веднаш повикале Брза помош, која веднаш дошла, по што повреденото момче било пренесено во Ургентниот центар каде им подлегна на повредите. Возачот на „хондата“ пред судот даде сосема друг исказ, спротивен на исказите на другарите на Билински. Тој тврди дека се движел кон центар кога кај ресторанот „Воденица“ забележал некакво светло зад него и почнал од левата лента да се престројува во десната. Кога се приближил до семафорот забележал дека од спротивната страна имало колона возила која застанала најверојатно за да поминат децата, а потоа ги забележал децата. Тој тврди дека застанал на пешачкиот премин кога видел што се случило и дека возел со нормална брзина за во град, од 50-60 километри на час. Кога застанал забележал како „туарегот“ го удира Иван, а тој продолжил да вози полека и бидејќи бил во шок подзастанал да се замие кај пералните.Видел возило на Брзата помош, дал исказ во полиција, а после неколку дена дошле и да му го фотографираат возилото.Одбраната реагираше на сведочењето на возачот на „хондата“, бидејќи оцени дека не соодветствува со тврдењата на другите сведоци.„Туарегот“ којшто го возел Мекиќ не бил негов, а сопственикот на џипот не е достапен. Самиот Мекиќ тврдеше дека не можел да стапи во контакт со него, бидејќи не му „дигал“ телефон. Според обвинението кое го товари Мекиќ за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, обвинетиот со „туарегот“ со брзина од 100 километри на час со предниот дел од возилото удрил во Билински.Момчето се здобило со тешки повреди, скршеници на рбетниот столб, исчашување на пршлени, крвни подливи и доживел трауматски шок од којшто престанала функцијата на важни витални органи и починал.„Обвинетиот ниту го запрел возилото на пешачки премин, а не ги пропуштил и пешаците кои го минувале пешачкиот преми. Возилото било техничко исправно, со исправен систем за управување и сопирање, а обвинителството располага со доволно докази со кои ќе докаже дека Мекиќ го сторил кривичното дело“, рече обвинителката.Возачот е на слобода, студирал на стоматолошкиот факултет и работел во стоматолошка ординација во сопственост на неговиот брат./крај/мф/ффс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ

Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош

Објавено пред

Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.

dobivaj vesti na viber

Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.

„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.

Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Скијач од Словенија повреден на Титов Врв

Објавено пред

Од

Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.

dobivaj vesti na viber

Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.

Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми

Објавено пред

Од

Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.

dobivaj vesti na viber

Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.

Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет2 часа

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет2 часа

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет3 часа

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет3 часа

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет3 часа

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет3 часа

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија12 часа

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...

Македонија12 часа

„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“. Ова на...

Топ13 часа

Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош

Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош. Од Министерството за...

Македонија16 часа

Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска...

Македонија18 часа

Наредена ексхумација на уште една жена, можна жртва на 25- годишникот од Малотино осомничен за сериски убиства

Во наредните денови ќе биде направена уште една ексхумација на жена за која постојат сомневања дека е жртва на 25-годишниот...

Македонија18 часа

Недвосмислено ги осудуваме сите напади врз нашите пријатели, велат од МНР и апелираат граѓаните да се воздржат од патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание и загриженост ги следи случувањата во поширокиот регион на...

Македонија20 часа

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши. Бруто платата за...

Македонија21 час

Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и понеисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците

Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес   во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка...

Македонија21 час

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која...

Македонија22 часа

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...

Македонија22 часа

По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит

Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март,...

Македонија22 часа

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање...

Македонија23 часа

Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите...