Црна хроника
Еден загинат во сообраќајка кај Бујановац
– фото rts.rs
Едно лице загина, а девет се повредени во сообраќајна несреќа, која се случила во неделата околу 22.30 часот на патот Врање-Прешево, на околу два километра од Бујановац.
Едно лице загина, а девет се повредени во сообраќајна несреќа, која се случила во неделата околу 22.30 часот на патот Врање-Прешево, на околу два километра од Бујановац.
Несреќата се случила кога камион со македонски регистарски ознаки се судрил со автобус со регистарски ознаки на Лесковац кој превезувал азиланти од Прешево кон Врање и Белград.
Како што пренесува државната телевизија на Србија, РТС, на лице место биле ангажирани четири санитетски возила. Повредените од кои девет биле со потешки, а осум со полесни повреди, се префрлени во болницата во Врање. крај/мф/нц
Извор: rts.rs
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

