Црна хроника
Една жена загина во сообраќајка кај Росоман
Тешка сообраќајка, се случи во неделата кај Росоман, во која животот го загуби едно лице.
Тешка сообраќајка, се случи во неделата кај Росоман, во која животот го загуби едно лице.
Несеќата се случлила околу 12.30 часот, кога патничко моторно возило Форд Фиеста со скопски регистарски таблички, движејќи се на патот, кај местото викано Камендолска спирка во близина на Росоман се исклучило од колоната возила сакајќи од левата коловозна лента да сврти лево на спротивната страна на патот. При тоа, возилото го пресекло патот на друго патничко возило марка Мерцедес, кое доаѓајќи од спротивната насока директно удрило во Форд Фиестата. Од ударот на лице место починало едно лице, патничка на Форд Фиестата, а повредени се возачот и совозачот.Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место, при што е издадена Наредба за вршење на обдукција на починатата, Наредби за прибирање на траги од лице место и сообраќајно техничко вештачење./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Опожарено патничко возило во Батинци, нема повредени
Ноќеска околу 01:05 часот во село Батинци, скопско, било опожарено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Б. од Батинци.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а при инцидентот нема повредени лица. Извршен е увид, а надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Дете тепало дете во основно училиште во Драчево
Во СВР Скопје вчера (22.11.2025) во 21:40 часот, А.А. (43) од Скопје пријавил дека на 21.11.2025 околу 09:45 часот, во основно училиште во населбата Драчево неговиот малолетен син бил физички нападнат од соученик.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сопругата го пријавила дека ја тепал, па потоа тој ја пријавил неа
Во СВР Скопје вчера (22.11.2025) во 13:00 часот, 35-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 45-годишен сопруг, кој ѝ го одзел и мобилниот телефон.
Подоцна, околу 20:30 часот, 45-годишниот маж од Скопје исто така пријавил дека бил физички нападнат од неговата сопруга, и тоа во истиот временски период – околу 13 часот.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

