Црна хроника
Фатени разбојниците што ја ограбија поштата во Буковиќ, меѓу нив и полицаец
Пет лица, меѓу кои еден полицаец, се уапсени за грабежот во поштата во скопско Буковиќ од каде што беа украдени над милион денари, а што се случи минатиот вторник.
Министерството за внатрешни работи го расчисти разбојништвото што минатиот вторник беше извршено во експозитура на АД Македонска пошта во село Буковиќ. За кривичното дело се товарат пет лица на возраст од 22 до 36 години од кои три лица од село Семениште, едно од Сарај и едно од Черкези, кумановско. На сите петмина им е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена, а еден од осомничените е полициски службеник кој во моментов работи во Полициската станица од општа надлежност Карпош. Петмината се товарат дека извршиле кривично дело „разбојништво“, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 1.108.000 денари.
Петмината осомничени на 8-ми јули, маскирани со фантомки на главите и вооружени со автоматска пушка и пиштол, влегле во поштата каде во моментот имало тројца вработени. Разбојниците го впериле оружјето кон нив и им наредиле да ги кренат рацете, заканувајќи се дека ќе им пукаат во нозете. Потоа влегле во работниот простор зад шалтерскиот дел и му наредиле на благајникот да ја отклучи металната каса којашто се наоѓала во просторијатаи во која имало околу милион денари. Во исто време едниот од крадците во фиоката во шалтерскиот пулт која ја користи благајникот, пронашол и одзел околу 108.000 денари и сите пари ги ставиле во една вреќа, која ја пронашле во просторијата.
Во тој момент, до влезната врата од поштата дошол пензионер кој што сакал да влезе внатре и да подигне пари од пензијата меѓутоа бил забележан од разбојниците и му наредиле и тој да влезе во помошната просторија каде што биле затворени тројцата вработени.
Откако ги зеле парите, сторителите со автомобил се упатиле кон излезот од село Буковиќ, на стариот пат Скопје-Тетово каде ги чекал друг автомобил. Откако се префрлиле во возилото заминале во село Семениште, во старата куќа на еден од крадците каде што ги поделиле парите и ја запалиле празната вреќа и фантомките.
Инаки, поголем дел од пријавените и претходно се познати на полицијата, а од страна на судовите им се изрекувани и затворски казни за сторени кривични дела „учество во тепачка“, „насилство“, „тешка кражба“ и „недозволена трговија со оружје“. Лицето од Куманово во 2009 година со помош на Интерпол било уапсено и во Осло, Норвешка, поради основано сомнение за недозволена трговија со наркотици.
Министерството за внатрешни работи продолжува да работи на расчистување и на други дела сторени од оваа криминална група.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Едно лице загина во сообраќајна несреќа кај Кучевиште
Едно лице загина, а друго е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат с.Кучевиште- с.Кучевишка Бара.
Во несреќата учествувале патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(65) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(57) од с.Кучевиште, скопско.
На местото на несреќата починал возачот на патничкото возило „форд“ В.П., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „фолксваген голф“ Ж.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, а извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Пијан 36-годишник од Кичево се однесувал агресивно во казино, двајца охриѓани се истепале во друго казино
Рано утрово, во 04:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека во казино на улицата „Абас Емин“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Л.У.(35) и М.„Н“, двајцата од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок, извести СВР Охрид.
Исто така ноќеска во 03:10 часот на улицата „Тане Цалески“ во Кичево, полициски службеници го приведоа 36-годишниот Р.С. од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека во казино во Кичево агресивно се однесувал кон вработените. По преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,06 промили алкохол во крвта. Тој е спроведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа: кривична пријава за охриѓанка
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(40) од охридското село Велгошти.
Таа се сомничи за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Имено на катастарска парцела во државна сопственост во атар на истото село, таа без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа. Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за нивно отстранување.

